Бизнис

Фактор: Штериев и Берзата го кршат законот за хартии од вредност

18. октомври 2019 - 10:58 | Р.К.

„Иван Штериев, главниот извршен директор на Македонската берза за хартии од вредност си дозволува тогаш кога тој ќе оцени да го пробие рокот за објава на податоци. За ваквото тврдење  можат да се обезбедат докази, со оглед на фактот што тие се јавно достапни во архивата на берзата. Ситуацијата дополнитено се проблематизира затоа што ЗХВ го крши институција која е единствен организатор на пазарот на капитал , и која по дефиниција треба да биде пример за транспарентност и почитување рокови. Во годината кога го прекрши ЗХВ Штериев имал бруто плата од 62.000 евра, што е 25 отсто од фондот за плати за сите вработени на берзата лани", објави порталот Фактор.

„Фактор“ вели дека поседува доказ од кој е очигледно дека Штериев го прекршил ЗХВ во однос на роковите за објавување на податоци. Станува збор за обврска за акционерски друштва согласно со член 166 од ЗХВ. 

Како е прекршен ЗХВ? Линк до целата вест на Фактор.

Коментирај