Фала ти, 2020: Пред да стане подобро, ќе биде полошо

Дали 2020 ни покажа какви сме навистина или какви можеме да бидеме – најдобрата или најлошата верзија на себе?

Оваа мрачна, долга 2020 година побара многу од сите нас: да се откажеме од многу удобности, да мислиме на сите други, да бидеме оптимисти. Овие можеби не се карактеристиките по кои сме познати, но на крајот на годинава уште сме со „главата над вода“, а стоицизмот што нѐ карактеризира нас луѓето во Македонија ни дава сила да ја дочекаме новата година со крената глава.

Фразава е излитена, но веројатно никогаш не била поточна отколку сега: пред да стане подобро, ќе биде полошо.

Кога почна пандемијата, се чинеше прилично тешко да се размислува за позитивните околности што ги донесе оваа, во суштина, негативна ситуација. Меѓутоа, кога ќе разгледаме подетално сè што поминавме во текот на оваа година, се чини дека сè уште имавме можност да имаме прилично корисни и позитивни искуства, кои честопати не бевме во можност да ги имаме во годините што се зад нас.

Затоа, колку и да беше тешка 2020, сакам да ѝ се заблагодарам за лекциите на кои нѐ научи и кои се надевам, добро ги научивме и нема да мора да се повторува уште една ваква година.

Додека беа во сила мерките како полициски час, многумина од нас ги „разбудија“ запуштените хобија, почнаа да прават работи во кои уживаат или едноставно работи за кои инаку немаа време. За некои, тоа беше долго одложуваното реновирање на домот, средување на дворот, читање книги, посета на онлајн курсеви, гледање филмови, серии... Значи, конечно можевме да се фокусираме на себе и да се одмориме од сите обврски што вообичаено ги имавме.

Покрај тоа, времето што го имавме за другите беше исклучително драгоцено за нас. Во овој период, честопати немавме можност да поминуваме време со пријателите и колегите, но затоа имавме многу повеќе време за семејството. Некои од нас, во брзиот начин на живот, како да заборавиле кои се нивните најблиски, па ни се пружи шанса одново или подобро да се запознаеме, квалитетно да го поминеме времето едни со други и да ги премостиме генерациските јазови.

Бидејќи секој предизвик подразбира развој на различни механизми за подобро прилагодување, така и новите околности во кои се најдовме бараа развој на нови вештини. Огромното мнозинство мораше да се прилагоди на работата преку интернет, односно на работа од дома, што доведе до развој на нови алатки за работа, како и нови работни вештини за вработените. Сите тие активности, како што се состаноци, обуки, едукација, па дури и дружење со колегите, беа пренесени на интернет-платформите, што беше незамисливо пред само неколку месеци. Гледано од психолошка гледна точка, моравме да толерираме неизвесност секој ден и да развиваме отпорност на стрес, вештини што ќе бидат наша сила во идни слични ситуации.

Општо, и што е најважно - може да се каже дека оваа година нè научи да се фокусираме на вистинските вредности. Самите ние имаме најдобра перспектива за вредноста на некои работи во нашите животи и кога тие работи се доведуваат во прашање, како што беше случајот оваа година, со нашето здравје и времето што го поминуваме со други, нештата добиваат ново значење, но и нова вредност. Здравјето, како една од најважните вредности на животот, честопати беше привилегија во изминатиот период. Сепак, поради тоа, сега повеќе се грижиме за нашето здравје, повнимателно ги слушаме сигналите што ни ги испраќа нашето тело и го цениме повеќе секој ден поминат во здравје. Исто така, верувам дека сега повеќе го цениме времето поминато со пријателите, состаноците со колегите, времето со семејството.

И затоа е важно да се има предвид дека, колку и да ни беше тешка оваа година, сепак има работи за кои можеме да бидеме благодарни. Благодарни за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, времето поминато со драги луѓе, за успехот во деновите зад нас, за секој нов ден и нова можност да живееме исполнети и задоволни. Набљудувањето на животните околности преку „очилата на благодарноста“ придонесува за нашето ментално здравје, како и физичкото здравје, квалитетот на нашиот сон, продуктивноста, како и подобрите односи со другите.

Конечно, кога ќе погледнете наназад на 2020 година, не заборавајте да си честитате за сè што сте искусиле во текот на оваа година, бидете горди на себе и не заборавајте дека сега сте посилни за сите нови искуства и подготвени повеќе за сите идни животни предизвици.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе