„Фала ти што ми ја спаси 2020“ – Блејк Шелтон ја запроси Гвен Стефани

Поп-ѕвездата Гвен Стефани (50) се сврши со седум години помладиот кантри пејач Блејк Шелтон.

Двајцата објавија заедничка фотографија на своите профили на Instagram со известување за свршувачката.

„Да, молам“, напиша Гвен покрај фотографијата на својот профил, додека Блејк даде трогателен коментар покрај истата фотографија:

„Ти благодарам што ми ја спаси 2020 година и остатокот од животот. Те сакам“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Hey @gwenstefani thanks for saving my 2020... And the rest of my life.. I love you. I heard a YES!

A post shared by Blake Shelton (@blakeshelton) on

 

Стефани и нејзиниот свршеник се вљубија во 2015 година додека беа членови на жирито во натпреварувачкото шоу The Voice, а бидејќи и двајцата минаа низ тешки разводи пред тоа, лесно најдоа заеднички јазик.

Откако ја доби наградата CMT на почетокот на овој месец за песната „Nobody But You“ во категоријата најдобар дует, пејачот рече дека тој и неговата девојка се подготвени за следниот чекор во нивната врска.

„Верувале или не, ние сме заедно веќе пет години“, рече пејачот, додавајќи дека тој и Гвен работат на сè и дека се подготвени за работи што сè уште не ги постигнале.

Гвен неодамна учествуваше во шоуто на Џими Кимел и кога колешката Дуа Липа ја праша како го поминала времето во изолација со сопругот, пејачката одговори дека не се во брак, „ама тоа добро звучи“.

Гвен беше во изолација поради коронавирусот со Блејк и нејзините деца во Оклахома, заедно со уште неколку членови на семејството.

„Правевме работи за кои ми е жал што немав време да ги правам во последните 20 години. Глупави работи како берење капини и одгледување пченка“, рече Блек за неговото искуство во изолација со Гвен.

Двајцата купија заедничка куќа во почетокот на годинава, така што веста за свршувачката не беше големо изненадување за јавноста.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе