Family Guy ја објаснува вакцинацијата на начин што секој може да го разбере

Сет Мекфарлен и соработниците на хумористичната анимирана серија Family Guy направија видео на PSA што треба да ги поттикне луѓето да се вакцинираат против коронавирус, пренесува Variety.

Во триминутното видео, измислениот лик од анимираната серија Питер Грифин расправа и размислува дали да се вакцинира, а ликовите Стјуи и Брајан Грифин му објаснуваат како функционира вакцината. Видеото комбинира типичен хумор од анимираната серија со вистински научни факти.

„Вакцините нѐ штитат од болести. Се создава имунитет и телото може да се бори. Вакцините против коронавирус дејствуваат така што создаваат антитела што ве спречуваат да се заразите со вирусот“, објаснува Стјуи во видеото, па со Брајан продолжуваат да објаснуваат како вакцината ги намалува симптомите на вирусот. Питер конечно е задоволен од нивното објаснување и ја прима вакцината.

„Горди сме што работевме со некои од водечките имунолози и епидемиолози на ова видео на PSA. Искористивме сѐ што ни кажаа“, рекоа извршните продуценти на Family Guy Ричард Апел и Алек Сулкин во изјава за странските медиуми.

Видеото на PSA е инаку кратко едукативно видео направено за да се крене свеста или да се сменат ставовите или однесувањата за прашања од јавен интерес.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе