Фановите на Џеј Ло загрижени – се појави ново видео во кое Бен Афлек изгледа гневно

Мај дефинитивно не е најсреќниот месец во животот на пејачката и актерка Џенифер Лопес и нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек.

Пред неколку дена цел свет го виде видеото од очигледно исфрустрираниот Бен Афлек кој прво џентлменски ѝ ја отвори вратата на сопругата, а потоа силно ја тресна, што го отвори прашањето дали има некакви проблеми во нивната врска.

Remote video URL

Пред една недела имаа прилично јавна расправија на премиерата на нејзиниот нов филм The Mother.

Многумина коментираа дека Бен Афлек е најнесреќниот сопруг во Холивуд и не беа оптимисти за нивната брачна среќа.

Само еден ден по тоа видео се појави уште едно кое потврдува дека навистина изгледа има проблеми во бракот на славната двојка. Фановите на Џеј Ло изразија загриженост за нејзината душевна состојба, со оглед на тоа дека во јавните настапи таа изгледа сталожено додека Афлек е постојано гневен и неконтролирано мавта со рацете.

Еден европски турист му доставил на Daily Mail видео на кое јасно се гледа уште една тензична расправија на двојката во јавност.

Афлек и Лопес, кои се во брак од јули минатата година, биле снимени на почетокот на овој месец како седат во автомобил во Беверли Хилс и се расправаат додека чекаат зелено светло на семафор.

Афлек, кој е зад воланот, е изнервиран и ѝ се обраќа на Лопес, која во тој момент седи на совозачкото седиште. Јасно е дека двајцата се расправаат за нешто и толку се занесени во разговорот што не обрнуваат внимание дали има некој во близина што може да ги слушне, види и сними.

Remote video URL

Џеј Ло, сепак, изгледаше порезервирано додека нејзиниот сопруг зборуваше и диво гестикулираше за време на жестоката расправија.

Еден европски турист кој бил сведок на целата ситуација изјавил дека од говорот на телото на Бен е „прилично јасно“ дека актерот бил фрустриран и изнервиран додека Џенифер изгледала исплашено.

„Имаше многу гестикулации со раката, Бен мавташе со рацете горе-долу и изгледаше изнервиран“, изјави туристот.

Уште не е јасно дали оваа расправија  се случила пред или по онаа на премиерата на филмот The Mother кога наводно се расправале како да позираат пред фотографот.

Дали е ова само тежок период во животот на славниот пар или нешто повеќе, ќе видиме во наредниот период.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Филм & ТВ

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе