Филм & ТВ

Фановите на „Game of Thrones“ отворија петиција за преснимување на последната сезона

16. мај 2019 - 12:46 | К.З.

Осмата (и последна) сезона на хит-серијата „Game of Thrones“ е главната тема на разговор во поп-културата, но ретко кога добиваме шанса да чуеме нешто добро за неа. Фановите на серијата, кои се видно револитрани од исходот и квалитетот на серијата во последно време, решија да започнат петиција со која бараат преснимување на целата сезона.

ВНИМАНИЕ: Спојлери за „Game of Thrones“

Петицијата беше поставена на Change.org и досега собра повеќе од 300.000 потписи, а бројката се зголемуваше од минута во минута, опасно приближувајќи се до „целта“ од 500.000 потписи.

„Оваа серија заслужува последна сезона која има смисла. Оправдајте ги моите очекувања и преснимајте ја сезоната, HBO!“, пишува во воведот на петицијата.

Последната епизода од „Game of Thrones“ ќе биде емитувана оваа недела на HBO. И покрај импресивните бројки на гледаност, фановите имаа многу негативни критики за сезоната и третманот на ликовите, а најголем дел од реакциите беа насочени кон сценаристите Дејвид Бениоф и Даниел Брет Вајс.

Претходно во оваа сезона, „Game of Thrones“ доби огромно внимание поради чаша од Starbucks која беше заборавена на сетот на една од сцените во четвртата епизода. Изгледа дека што и да направат креаторите на „Game of Thrones“, тоа го привлекува вниманието на јавноста, па од таа гледна точка, сигурно дека им се допаѓа тоа што името на серијата постојано се споменува низ медиумите и социјалните мрежи.

Коментирај