Фановите на Јувентус гневни поради трансферот на Игуаин во Милан

Торино, 31 ули 2018 (МИА) - Поддржувачите на Јувентус цврсто се спротивставија на продажбата на Гонзало Игуаин во Милан. Аргентинскиот напаѓач стана миленик на „бјанконерите“, но изгледа дека неговото преминување во гигантот од Милано ќе биде објавено во следните неколку часа.

Двата клуба ги финализираат преговорите за мегазделката, која ќе го испрати „Питата“ на „Сан Сиро“, а Леонардо Бонучи ќе преземе во спротивната насока. Јуве, исто така, ќе се раздели со младиот дефанзивец Матија Калдара, а навивачите сметаат дека сличен договор меѓу двата клуба е „несфатлив“.

Многу од приврзаниците на „старата дама“ ги преплавија социјалните мрежи со коментари насочени кон раководството на клубот за донесената одлука Игуаин да биде продаден. Тифозите го определија трансферот на Аргентинецот и како „подарок за Милан“, кој ќе го оживее клубот.

„Овој тим те испраќа на најлош начин, нешто кое не го заслужуваш. Тој даде многу, многу за овој дрес. Сега оди, оди и научи ги како се даваат 100 гола во Серија „А“ и особено како се победува“, напиша фан на Јуве.

„Јувентус го спаси Милан, продавајќи ги Калдара и Игуаин за без пари. Овозможува клубот да се бори за титулата без да троши пари“, наведено е во друг коментар.

„Договорот за Бонучи, Калдара и Игуаин е несфатлив“, пишува во еден од многуте статуси на социјалните мрежи.

„Никогаш нема да ги разберам овие решенија на пазарот на трансфери, но знам дека секогаш ќе останете во нашите срца. Поради тоа што си и што направивте. Благодарам, Гонзало“, вели навивач на шампионот Јувентус.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Спорт

Торино потврди: Интер и Јуве бијат битка за дефанзивецот Бремер

Read more

Дали е ова најбруталниот старт на сезоната?

Read more

Десет суперѕвезди на кои забрзано им се губи сјајот

Read more

Јапонските власти ги демантираа информациите за откажување на Олимписките игри

Read more
 

Ново

  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе