Канадско-француската пејачка со уметничко име Ла Зара некои корисници на социјалните мрежи веќе ја прогласија за фаворит на Евровизија.

Франција на Евровизија 2023 во Ливерпул ќе ја претставува пејачката под уметничкото име Ла Зара со песната „Évidemment“. Таа е и коавтор на песната која моментално го држи 11-тото место во обложувалниците. На социјалните мрежи сѐ посилно се шират реакциите на ентузијастичките корисници. Многумина веќе ја прогласија за фаворит на изборот, па дури и за победничка, а песната ја сметаат за најубава што ја слушнале годинава.
Ла Зара (La Zarra), родена како Фатима Захра Хафди, е француско-канадска пејачка. Таа е родена во Монтреал од марокански родители и е голем евровизиски фан. Како дете честопати заедно со нејзината мајка ја пеела победничката песна „L'Oiseau et l'Enfant“ од Евровизија 1977 во Лондон.
Таа е целосно самоук, но многу брзо почнала да пишува песни инспирирани од нејзините искуства, исповеди и други длабоки емоции. Нејзините обожаватели истакнуваат дека нејзиниот специфичен глас ѝ овозможува преку музиката навистина да ѝ ги каже на публиката своите желби, надежи и разочарувања со единствен кредибилитет.
Оваа млада жена минатата година постигна голем успех со нејзината песна „Tu t’en iras“, која собра над 19 милиони прегледи на YouTube.
Ла Зара ја опишува „Évidemment“ како „универзална љубовна песна“ и „химна што секој може да ја пее“. Нејзината песна, велат обожавателите, го носи слушателот на патување додека Ла Зара го открива изливот на отпорот што произлегува од пепелта на една бурна врска.