Филм & ТВ

„Fantastic Beasts: The Crimes of Grindewald“ е нов лидер на боксофисот

19. ноември 2018 - 10:27 | К.З.

Новото продолжение на „Fantastic Beasts“ се искачи на врвот на светскиот боксофис иако го забележа најлошиот премиерен викенд од било кој филм од франшизата за малиот магионичар Хари Потер.

Со заработка од 62,2 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето, „Fantastic Beasts: The Crimes of Grindewald“ го освои првото место на светскиот боксофис.

Минатата недела на самиот врв се најде филмот „Dr. Seuss’ The Grinch“, но викендов успеа да заработи само 38,1 милиони долари и мораше да му го препушти првото место на второто продолжение на „Fantastic Beasts“. Третото место викендов му припадна на биографскиот филм „Bohemian Rhapsody“, кој го следи животот на Фреди Меркјури за време на формирање на групата „Квин“.

Само три новитети се најдоа помеѓу Топ 10 филмовите со најголема заработка викендов. Покрај „Fantastic Beasts: The Crimes of Grindewald“, премиера викендов имаа уште „Instant Family“ и „Widows“, кои завршија на четвртото и петтото место на листата филмови со најголема заработка.

Листа на Топ 10 филмови со најголема заработка викендов:

  1. „Fantastic Beasts: The Crimes of Grindewald“ – 62,2 милиони долари
  2. „Dr. Seuss’ The Grinch“ – 38,1 милиони
  3. „Bohemian Rhapsody“ – 15,7 милиони
  4. „Instant Family“ – 14,7 милиони
  5. „Widows“ – 12,3 милиони
  6. „The Nutcracker and the Four Realms“ – 4,6 милиони
  7. „A Star is Born“ – 4,3 милиони
  8. „Overlord“ – 3,8 милиони
  9. „The Girl in the Spider’s Web: A New Dragon Tattoo Story“ – 2,5 милиони
  10. „Nobody’s Fool“ – 2,2 милиони

Коментирај