Калифорниската компанија Faraday Future го откри својот концепт за автомобилите на иднината, пишува Business Insider. Станува збор за автономниот FFZero1 автомобил кој на прв поглед малку наликува на бетмобилот од филмовите за Бетмен.
Според Ник Сампсон од Faraday Future автомобилот може да достигне 321 километар на час. Со производство на автомобилот ќе се започне за две години, а автомобилите ќе бидат на пазарот до 2020 година.
Концептот за автомобилот беше откриен на изложбата Consumer Electronics Show во Лас Вегас. Компанијата е финансирана од кинескиот мултимилијардер Џиа Јуетинг, познат како „кинескиот Стив Џобс“.