Несоодветното складирање на лековите, поради недоволното ниво на здравствена едукација, е светски проблем, а фармацевтите советуваат дека во текот на летниот период потребно е да се зголеми грижата за заштита на лековите, имајќи предвид дека повеќето од нив не поднесуваат температури повисоки од 25°C.

Високите температури може да предизвикаат промена на активните супстанции, што ќе ја намали ефикасноста на лекот, но може да доведе и до промена на бојата, конзистентноста, мирисот, вкусот или да предизвика процес на распаѓање на лекот, велат од Хемофарм.
Истражувањата ширум светот покажуваат дека директна изложеност на лекови на сончева светлина е забележана во 10,9% од домаќинствата, складирање на лекови во кујна, бања и гаража во 38,3% и складирање на дофат на деца во 76% од случаите. Лековите кои повеќе не се користат најчесто нелегално се фрлаат во животната средина во 92,1% од домаќинствата.