Фасцинантни фотографии од 11-годишно девојче со албинизам и хетерохромија
Во моментот кога фотографката Амина Арсакова ја забележала 11-годишната Амина Епендиева во трговски центар, била заинтригирана од нејзината ретка убавина.
Девојчето има две ретки генетски нарушувања – албинизам и хетерохромија. Албинизмот може да се појави кај сите раси, и покрај тоа што создава проблеми со видот и претерана чувствителност на сонцето, не претставува никаков проблем за здравјето на личноста. Амина има различна боја на очи. Убавината на т.н. „шарени очи“ може да биде предизвикана од недостаток на меланин, а може да биде и резултат на одредени генетски предиспозиции, повреда или болест.
Погледнете ја галеријата.