Американскиот актер Вин Дизел(54) минатиот викенд беше фотографиран на одмор во Италија заедно со Марко Перего, Зое Салдана и неговата девојка Палома Хименес со нивните деца.
Тие уживаа во сончање, капење и спортски активности, но обожавателите на Вин Дизел се изненадија од неговиот изглед.
Вин Дизел ги одмaра мускулите, а странските медиуми го нарекоа „Fat & Furious“.
Самиот изјави дека не се држи до строг режим на здрава исхрана во овој период. „Веќе со децении наназад го имав најубавото тело во Њујорк“, вели тој.
„Ме нарекуваат дебел. Не гледам ништо лошо во тоа. Како прво, неколку месеци не треба да глумам, па можам да се опуштам малку“, коментира Дизел.