Мадалина Генеа и оваа година ја маѓепса публиката со своето појавување на црвениот тепих во Венеција.
Заносната романска манекенка Мадалина Генеа, на која не ѝ одолеаја многу познати мажи, присуствуваше на филмскиот фестивал во Венеција и во свој стил го привлече вниманието со атрактивно издание.
Таа за годинешниот црвен тепих избра елегантен фустан во боја на кожа кој ги истакна нејзините најголеми адути, но без никакво претерување.
Станува збор за фустан со високи нараменици и крој што го истакнува длабокото деколте, додека качулката прави да изгледа во склад со модните трендови.
Убавицата оваа прекрасна креација ја дополни со накит и божествени златни сандали кои ги истакнаа нејзините вити нозе.