Скопје, 14 октомври 2019 (МИА) – Полицијата вечерва го фати Филип Секуловски - Кобра, убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев, кој беше во бегство речиси две години, потврдуваат извори во МВР.
Секуловски, кој беше баран со потерница од МВР, веќе е во затворот во Шутка.
Мартин Јанушев на 3 ноември 2017 година беше застрелан пред неговиот дом во населбата Аеродром.