Фатена криминална банда која ограбувала граѓани во Аеродром и Центар

Скопје, 11 јули 2018 (МИА) - Кривични пријави и притвор заработија шетмина крадци од Скопје за разбојништво и тешки кражби сторени во Аеродром и Центар. Кражбите ги сториле од 15 јуни до 8 јули оваа година, а оштетиле осум лица од Скопје кои биле „олеснети“ за околу 3.500 евра.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје до ОЈО Скопје поднесе две кривични пријави, првата во која се опфатени лицата: Н.С. (27), О.С. (22), и М.Н. (29) и втората против лицата -  С.Б. (31), А.З. (40), Е.А.(33), инаку сите од Скопје, а поради постоење основано сомнение дека во текот на минатиот и почетокот на овој месец  сите пријавени сториле вкупно осум кривични дела од областа на имотните деликти.

Пријавените Н.С., О.С. и М.Н. во период од 15 јуни до 2 јули во централното градско подрачје како и во населба Аеродром извршиле едно кривично дело - „разбојништво“ и пет кривични дела - „тешка кражба на особено дрзок начин“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 169.000 денари. Притоа, освен кривичното дело “разбојништво“, извршено во ноќните часови и со заканa со нож, овие тројца пријавени другите кривични дела ги извршиле во работен ден во пладневните часови, на отворен простор и на истоветен начин: користејќи моторцикл и со движење од позади грб им приоѓале на оштетените, кои се движеле по тротоар или стоеле на автобуска постојка, им ги одземале чантите и мобилните телефони кои им биле во раце, по што бегале.

Полицијата извршила претрес во домовите на пријавените каде што се откриени предмети што потекнуваат од извршените кривични дела. Н.С. и О.С. се лишени од слобода и во службен разговор во полициска станица тие двајцата во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела.

Со втората кривична пријава против С.Б., А.З. и Е.А. тие се сомничат за две кривични дела - „тешка кражба“, извршени во ноќните часови на 7 јули спроти 8 јули во Градскиот парк. Откако со свое возило се паркирале до возило кое им било објект на напад, го кршеле задниот прозорец, по што од возилата одземале чанти, мобилни телефони, паричници, брендирана облека и друго. Тие се приведени во полициска станица, а  извршен е и претрес во домовите на осомничените при што пронајдени се предмети што потекнуваат од извршени кривични дела.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе