Фудбал

Фатени на дело: Англија се обиде да даде гол додека Хрватска го славеше вториот

12. јули 2018 - 9:50 | А.С.

Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ во 109-тата минута од синоќешниот полуфинален натпревар на Мундијалот постигна гол за пресврт и водство против Англија од 2:1.

Додека напаѓачот на Јувентус го славеше историскиот момент со сите негови соиграчи од теренот и клупата, Англичаните се обидоа да искористат дупка во законот и да постигнат гол, што беше фатено на видеоснимка од гледач на трибините.

Имено, кога видоа дека противичкиот тим е излезен од нивната половина, тргнаа од средината на теренот и тројца јуришаа кон голот на Данијел Субашиќ.

Кога стигнаа пред голот, судијата го спречи обидот на неспортски начин да постигнат гол и така да ги вратат шансите за влез во финалето на СП 2018.

Според правилникот на ФИФА, може да се продолжи со игра од средина на теренот ако сите играчи на спротивниот тим се надвор од теренот.

Иако е позната изреката дека целта ги оправдува средствата, ваквиот потег на Англичаните можеби ќе им донесеше шанса, но ќе ја изгубеа честа.

Коментирај