Фатиме побара притвор за обвинет во „Шлаканиците”

Обвинетиот Милан Андоновски не дојде на денешното рочиште за случајот „Насилство“. Адвокатот на Андоновски, Димитар Дангов, рече дека утрово обвинетиот му се јавил на телефон и му рекол дека отворил боледување. Боледувањето е со датум од 9 март и трае 14 дена, а било потпишано од матичен лекар по претходен преглед кај специјалист за уво, нос и грло.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, рече дека овој обвинет три пати досега отсуствува од судењата. Еднаш не се појавил, иако бил уредно повикан. Вторпат бил болен, а сега повторно отворил боледување. „Барам притвор за Андоновски. Тоа е единствениот механизам за обезбезбедување присуство. Обвинетиот одбегнува да дојде на судење со цел да ја одолговлече постапката“, рече Фетаи.

„Првиот пат бил отсутен на 10.03.2017 година кога бил уредно повикан, а не се јавил во судот за да го оправда отсуството. На 28.09.2017 година отсуствуваше со образложение дека му било нарушено здравјето. Денеска по третпат се доставува документација со која се обидува да го оправда отсуството“, изјави Фетаи пред судијата Душан Јосифов.

„Ние овде нема да копаме“, рече обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски. Обвинителот додаде дека ларингитис имаат повеќе од половина од присутните во судницата. „Обвинетиот не го почитува судот и затоа мора да се обезбеди присуство. Се прави одолжување на постапката на секој можен начин. Можеле да извадат некое поприфатливо лекарско образложение“, рече Бубевски.

Адвокатот на Андоновски побара судот да му се почитува правото на здравје. Судијата ѝ го одби барањето на Фетаи бидејќи имал уреден лекарски извештај и му било препорачано мирување. Обвинетите во предметот се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година. Судењето е одложено за 3 април.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Македонија

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе