Фаучи предупредува: Нема гаранција дека вакцината ќе биде ефикасна

Додека бројни фармацевтски компании ширум светот се во трка која прва ќе развие вакцина против новиот коронавирус, американскиот експерт и главен епидемиолог за Белата куќа Ентони Фаучи изјави дека нема гаранции дека вакцината ќе биде ефикасна.

CNBC објави дека Фаучи го упатил ова предупредување до Сенатот на САД, поточно до Одборот за здравство, образование и труд, во разговорите околу плановите за рестартирање на стопанството и отворање на компаниите низ целата држава.

Американски високи функционери претходно укажаа дека развојот на вакцина ќе биде клучен пресврт во пандемијата со COVID-19, иако за тоа ќе треба да се почека 12 до 18 месеци.

Ако се развие експериментална вакцина, истата ќе треба прво масовно да се произведе за да може да ја добијат повеќе од 7,6 милијарди луѓе во светот. Во меѓувреме, уште нема докажани терапии против коронавирусот.

Фаучи нагласува дека патот до ефикасна вакцина е сложен.

„Можете да имате сѐ што сметате дека е потребно на едно место, а пак да не се создаде онаа имунолошка реакција која ќе биде заштита во вакви случаи. Значи има една голема непозната – дали вакцината ќе биде ефикасна? Имајќи предвид како телото реагира на вирусите од овој вид, јас сум претпазливо оптимистичен дека кај доброволците кои ќе ја примат вакцината ќе има некаков знак на ефикасност“, рече Фаучи.

Националниот институт за здравство на САД ја следи работата на биотехнолошката компанија Moderna која работи на развој на потенцијална вакцина. Според податоците од Светската здравствена организација (СЗО), повеќе од 100 вакцини се во процес на развој на глобално ниво од 30 април наваму, а на најмалку осум доброволци веќе се испитува ефикасноста на пробните вакцини.

Moderna сега ја завршува првата фаза од испитувањата и потенцијалната вакцина содржи генетски материјал mRNA произведен во лабораторија. Минатата недела Moderna соопшти дека наскоро ќе почне со втората фаза од истражувањето на 600 доброволци и дека завршната фаза ќе биде готова кон крајот на летото.

Фаучи потенцира дека додека вакцината не биде подготвена, мора да се продолжи со обидите за ублажување и сузбивање на пандемијата.

Уште еден проблем пред кој се исправени епидемиолозите, додава Фаучи, е тоа што вакцината го враќа и зајакнува вирусот.

„Во минатото имало најмалку две вакцини кои дале ‘субоптимален одговор’. Кога лицето ќе биде изложено на таква вакцина, всушност има зајакната патогенеза на болеста што секогаш е причина за загриженост. Затоа, сакаме да бидеме сигурни дека тоа нема да се случи, бидејќи тоа се двете главни непознати во равенката“, рече Фаучи.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе