ФБИ откри нови тајни документи за атентатот на Џон Кенеди: Ова е огромно

Макфакс
/ 11.02.2025 / 10:26

ФБИ откри околу 2.400 записи поврзани со атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди кои никогаш не биле доставени до комисијата одговорна за преглед и објавување на овие документи, дознава Axios. ФБИ, наводно, дури сега ги откри овие документи, откако Белата куќа неодамна нареди објавување на сите досиеја поврзани со атентатот во 1963 година.

Не е јасно што се содржи во новооткриените документи, а ФБИ наводно има уште околу 14.000 страници доверливи документи. Другите досиеја досега останаа тајни поради загриженост за националната безбедност, со одобрение на комисијата.

Минатиот месец Трамп издаде извршна наредба со која нареди објавување на сите преостанати доверливи документи поврзани со атентатот. Неговиот директор за национална безбедност имаше 15 дена да го претстави планот за нивно објавување. Тој рок истече минатиот петок, кога директорот за национална безбедност ја известил Белата куќа за откривањето нови документи, а засега не се знае што ќе се случи понатаму.

Американските медиуми објавија дека претседателот Доналд Трамп бил информиран за откриените досиеја минатиот петок.

„Ова е огромно“, изјави поранешниот новинар на Washington Post, Џеферсон Морли, за Axios. Морли, познат експерт кој има напишано неколку книги поврзани со Кенеди, е убеден дека претседателот бил убиен од непријатели во американската влада.

Други експерти претходно предупредија дека не треба да се имаат преголеми очекувања во врска со претстојното објавување на документите. Во круговите на Белата куќа, откривањето на дополнителните 2.400 документи е наречено „тактика на одложување на длабоката држава“, тврди Axios.

Претседателот Кенеди беше убиен во ноември 1963 година за време на посетата на Далас, додека се возел во отворена лимузина. Две третини од Американците не веруваат во официјалната приказна дека Ли Харви Освалд дејствувал сам во атентатот. Теориите на заговор вклучуваат тврдења за заговор на ЦИА, кубанска одмазда, мафијашка чистка и напад финансиран од воено-индустрискиот комплекс.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Read more

Свет

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Read more

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more
 

Вести

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Читај повеќе

Сончево време со температури до 19°C

Читај повеќе

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Читај повеќе

Премиерата на Магбет ќе го отвори фестивалот Шекспир и ќе го одбележи 81. роденден на Битолскиот театар

Читај повеќе

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Читај повеќе