Кралицата Елизабета II се соочила со потенцијална закана за атентат за време на посетата на САД во 1983 година, покажуваат новообјавените документи на ФБИ.

Федералното биро за истраги, по нејзината смрт минатата година, декласифицираше делови од датотеки поврзани со патувањата на покојната кралица низ САД.
Тие покажуваат како ФБИ, кој помогна да ја обезбеди монархињата за време на нејзините посети, биле загрижени за заканите од ИРА.
Заканата за убиство ја пријавил полицаец во Сан Франциско.
Според досието, офицер кој често посетувал ирски паб во Сан Франциско ги предупредил федералните агенти за разговор со човек што го познавал од пабот.
Полицаецот посочил дека човекот му рекол дека бара одмазда за неговата ќерка која „била убиена во Северна Ирска со гумен куршум“.
Заканата пристигнала на 4 февруари 1983 година – околу еден месец пред посетата на кралицата Елизабета II и нејзиниот сопруг принцот Филип на Калифорнија.
„Тој ќе се обиде да ѝ наштети на кралицата Елизабета и ќе го стори тоа или со фрлање некој предмет од мостот Голден Гејт врз кралската јахта „Britannia“ кога ќе плови под него, или ќе се обиде да ја убие при нејзината посета на националниот парк Јосемити“, стои во документот.

Како одговор на заканата, Тајната служба планирала да ги затвори патеките на мостот Голден Гејт додека јахтата се приближува. Не е јасно какви мерки се преземени во националниот парк, но посетата продолжила, а не биле објавени детали за апсења од ФБИ.
Документот од 102 страници бил поставен на Vault, информативната веб-страница на ФБИ, согласно Законот за слобода на информации, а по барање поднесено од американски портали.
Многу од државните посети во САД на покојната кралица, вклучително и посетата на Задниот брег во 1983 година, се случуваа во текот на зголемени тензии среде неволји во Северна Ирска, пренесуваат медиумите.