Свет

ФБИ отвори истрага за несреќата на хеликоптерот во кој загина Коби Брајант

27. јануари 2020 - 9:47 | МИА

ФБИ го истражува местото на несреќата каде се урна хеликоптерот со НБА ѕвездата Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица, изјави официјален претставник на Бирото.

Тој за CNN кажа дека екипата на ФБИ за собирање докази се наоѓа на местото на несреќата и дека им помага на локалните власти во истрагата.

Инаку официјалната истрага за несреќата ја води Одборот за безбедност на националниот сообраќај и тој ги испитува причините за фаталната несреќа.

Како што се наведува, временските услови во моментот на летот не ги исполнувале минималните стандарди за летање поради маглата, изјави портпаролот на службата Џош Рубинштајн.

Тој додаде дека, кога има такви услови, на хеликоптерите не им се дозволува да летаат.

-Не летавме во неделата наутро поради времето, рече Рубинштајн. 

Коментирај