ФБИ предупредува за безбедноста на паметните телевизори

Ако штотуку купивте паметен телевизор на Black Friday или планирате да купите, ФБИ сака да знаете неколку работи.

Паметните телевизори се како обичните телевизори, но може да ги приклучите на интернет.

Со растот на Netflix, Hulu и другите стриминг услуги, повеќето ги гледаа смарт телевизорите како нешто што мора да го имаат. Но, како и сè што е поврзано на интернет, и телевизорот е подложен на напади од хакери, а повеќето од паметните телевизори доаѓаат со камера и микрофон. Но, како што е случајот со повеќето други уреди поврзани со интернет, производителите честопати не ја ставаат безбедноста како приоритет.

Тоа е клучната причина за преземање акција на теренската канцеларија на ФБИ во Портланд за да објави предупредување на својата веб-страница за ризиците од купување на паметен телевизор.

„Постои ризик дека вашиот телевизор може да биде порта за хакерите кои можат да ве шпионираат, затоа што преку телевизорот ве слушаат и ве гледаат, па можат да дојдат во вашиот дом кога вие сте излезени. Хакерот можеби нема да може директно да пристапи до вашиот заклучен компјутер, но можно е преку вашиот необезбеден ТВ да овозможи лесен начин да пристапи до вашиот рутер“, објави ФБИ.

ФБИ предупреди дека хакерите можат да преземат контрола врз вашиот необезбеден паметен ТВ и во најлоши случаи, да ја преземат контролата над камерата и микрофонот за да ве гледаат и слушаат.

Активните напади врз паметни телевизори се ретки, но постојат.

Претходно оваа година, хакери покажаа дека е можно да го преземат Google Chromecast streaming stick и да се емитуваат случајни видеа на илјадници жртви.

Всушност, некои од најголемите софтверски програми за упад во паметните телевизори во изминатите години беа развиени од Централната разузнавачка агенција, но беа украдени. Досиејата подоцна беа објавени на интернет.

Но, она за што ФБИ стравува е фактот што не знае колку податоци се собрани од следење на сопствените на паметните телевизори.

Washington Post претходно оваа година откри дека некои од најпопуларните производители на паметни ТВ, собираат точни информации за тоа што гледаат корисниците, со цел да им помогнат на огласувачите подобро да таргетираат реклами за своите гледачи.

На пример, проблемот со следење на ТВ стана толку проблематичен пред неколку години што производителот на паметни телевизори Vizio, мораше да плати казни од 2,2 милиони долари, откако беше фатен за тајно собирање податоци за клиентите.

ФБИ препорачува да поставите црна лента преку камерата на вашиот смарт телевизор, редовно да ги ажурирате апликациите и да ја прочитате политиката за приватност. 

Исто така, препорачуваат дека најсигурно е да користите телевизор кој воопшто нема да го поврзете на интернет.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе