Швајцарецот Роџер Федерер денеска ќе има прилика уште еднаш да ја испише историјата на светскиот тенис.
Федерер денеска ќе ги измери силите со Робин Хасе во четвртфиналето од АТП турнирот во Ротердам, а ако победи ќе се врати на првото место на АТП листата.
Деветкратниот Гренд Слем шампион со победа ќе стане најстариот број еден во светскиот тенис со 36 години.
Федерер прв пат се најде на позицијата број еден во февруари 2004 година, а од октомври 2012 тоа место им го препушти на Надал, Ѓоковиќ и Мареј.
Титулата најстар број еден ја држи Андре Агаси, кој во септември 2003 година имаше 33 години.
Дуелот меѓу Фердерер и Хас почнува вечерва од 19:30 часот.