Тенис

Федерер на пат да го урне рекордот за најгледан тениски меч

20. јули 2019 - 10:13 | МИА
Плаза де Торос, 20 јули 2019 (МИА) – Финалистот на Вимблдон и 20-кратниот Гренд-слем шампион, Роџер Федерер, ќе игра егзибициски меч на 24 ноември во Мексико, на најголемата арена во Мексико.

Објектот собира 41.200 гледачи. Овој натпревар ќе биде прв за Маестро во Мексико. Ривал на 37-годишниот Швајцарец ќе биде дополнително определен.

Дуелот може да собере рекордна публика за тениски меч. До сега, врвното достигнување го имаат Ким Клајстерс и Серена Вилијамс.

Двете собраа 35.000 гледачи на егзибициски натпревар во Брисел во 2010 година.

Коментирај