Федерер: Не ми требаат сите рекорди за да бидам среќен

Се ближи последниот меч во кариерата на еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, а во изјава за медиумите Швајцарецот рече дека ќе остане во овој спорт и по пензионирањето, на овој или оној начин.

Федерер (41) пред сè изјави дека нема да се оддалечи од тенисот по завршувањето на кариерата и дека во текот на активното играње се заљубил во многу работи.

Тој открива дека своевремено размислувал дури и да биде коментатор, но дека ќе размисли кој ќе биде неговиот следен потег.

„Мислам дека Бјорн Борг не се врати на Вимблдон 25 години откако се пензионираше. На некој начин, тоа е штета за секој љубител на тенисот. Тоа е сосема прифатливо - неговиот живот и неговите причини, но јас нема да бидам тој човек. Чувствувам дека тенисот ми даде многу, тука сум долго време и се заљубив во многу работи“, рече Федерер и продолжи:

„Сакам повторно да ги гледам луѓето, затоа сакав да им дадам до знаење на фановите дека повторно ќе ме видат, но во кое својство, ќе видиме... Морам уште малку да размислам и да си дадам време, а пред неколку недели помислив дека би можел да коментирам за тенисот, за што никогаш порано не бев заинтересиран“.

Тој вели дека жали што никогаш немал можност да игра против Карлос Алкарас и дека овој млад тенисер е доказ дека и по Надал и Ѓоковиќ ќе се појават нови ѕвезди во овој спорт.

„Жал ми е што немав шанса да играм со Алкараз, уживав додека го гледав на УС опен. Реков дека ќе се појават нови ѕвезди и тој е еден од нив. Тренирав со него еднаш на Вимблдон кога беше јуниор , добро се покажува“, вели Федерер и додава:

„Мило ми е што сум во приказната за GOAT. Сè што е над 15 Грен слем титули е бонус за мене, и искрено, не ми требаат сите рекорди за да бидам среќен“.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња претрпе три операции на коленото и го одигра последниот меч на Вимблдон минатата година. Се чинеше дека повредата е зад него, но непосредно пред настапот на Лејвер купот болките се вратија, па сега под знак прашалник е неговиот настап на Лејвер купот во Лондон. Сепак, се наведува дека треба да собере сили и покрај сè да го одигра она што го планирал.

реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Тенис

Ѓоковиќ: Како што Коби велеше - ги мразат само најдобрите

Read more

Ѓоковиќ напиша на камерата: Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството

Read more

Ѓоковиќ успешно стартуваше на Ролан Гарос

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Читај повеќе

Модриќ добил понуда што не се одбива, се сели во Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја испроба игрицата F1 2023 и заврши последен

Читај повеќе

Академија Пандев се ребрендира во Брера Струмица

Читај повеќе

Јунајтед ќе му плати на Мегваер за да го напушти клубот

Читај повеќе