Тенис

Федерер откри зошто не бил поканет на свадбата на Надал

21. октомври 2019 - 20:02 | Ф.З.

За фановите на тенисот беше шокантно тоа што Роџер Федерер не доби покана да присуствува на свадбата на Рафаел Надал, па Швајцарецот објасни зошто тоа се случило.

„Не бев поканет и не ни очекував да бидам. Тоа не е никаков проблем. Му честитав на денот на венчавката и не очекував да ми врати бидејќи знаев дека има попаметна работа. Како на пример да го прославува големиот ден. Кога ќе се видиме ќе го прашам како поминал. Ние знаеме да се дружиме надвор од теренот, но на свадба се канат најблиските. Затоа не му замерувам“, изјави Федерер.

Надал во саботата се ожени со својата долгогодишна девојка Франсиска Перељо. Меѓу гостите беа и тенисерите Давид Ферер, Карлос Моја, Марк Лопес, Фернандо Вердаско и Фелисијано Лопес.

Швајцарецот одамна е голем ривал со Надал, но честите пресметки ги спријателија па неретко двајцата се забележувани и вон теренот.

Коментирај