Тенис

Федерер преку Вавринка до титулата во Индијан Велс

20. март 2017 - 11:39 | Макфакс

Роџер Федерер ја освои титулата на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Швајцарецот до петтата титула во кариерата на овој Мастерс турнир дојде по победата во два сета над сонародникот Стан Вавринка.

Роџер Федерер стана највозрасниот победник на турнир од Мастерс серијата, откако Швајцарецот во 35 година од животот, уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма.

Против сонародникот Вавринка тој ја освои 90-та титула во кариерата.

Федерер, кој сега е шестти на АТП листата, во клучните моменти успеваше да му го одземе сервисот на противникот. Во првиот сет направи брејк во 10-тиот гем за 6:4.

Вавринка во вториот направи брејк во првиот сет, а Федерер возврати во четвртиот кога израмни на 2:2, а потоа нов врејк направи во 12-от гем за сет 7:5 и меч.

Коментирај