Тенис

Федерер против Ѓоковиќ: Не му успеа победничкиот трик од 2012 година

18. јули 2019 - 18:09 | А.С.

Што му се вртеше во глава на Роџер Федерер пред последниот поен во финалето на Вимблдон против Новак Ѓоковиќ?

Многу веројатно дека тоа беше истиот поен со кој против Енди Мареј во 2012 го освои престижниот Грен Слем.

Ситуацијата во 2012: Швајцарскиот тенисер ја гаѓа линијата со првиот удар и цели на форхендот на противникот. Мареј ја прима топката и ја враќа преку мрежата, Федерер чека подготвен со форхенд, топката се движи кон противничкиот дел од теренот, паѓа на лондонската трева меѓу полето за сервирање и линијата што го означува надворешниот раб на игралиштето, Мареј одговара со дијагонала, но топката оди во аут. Федерер е веќе на тревата и слави.

Седум години подоцна, Швајцарецот се наде во истата ситуација и г примени истиот трик, само што за противник го имаше српскиот ас Ноле.

Роџер изгради поен на меч-топка на првиот тенисер на светот идентичен на оној од 2012 година. Топчето заврши во иста насока, но за разлика од шкотскиот тенисер, Новак беше прецизен и тој славеше на Вимблдон годинава.

Коментирај