Федерер се пласира во 28-то грен слем финале во кариерата

Роџер Федерер го доби Стан Вавринка со 3:2 (7:5, 6:3, 1:6, 4:6, 6:3) во швајцарското полуфинале на Аустралијан Опен. Федерер, во недела, ќе игра во своето 28-мо грен слем финале и ќе се обиде да ја освои петтата титула на Аустралијан Опен, откако триумфираше во Мелбурн во 2004, 2006, 2007 и 2010 година.

Роџер Федерер, освојувач на рекордни 17 титули на грен слем турнирите, преку сонародникот Стан Вавринка, по УС Опен во 2015 година повторно ќе игра финале на еден турнир од грен слем серијата. Федерер грен слем титула нема освоено од 2012 година кога седми пат го освои Вимблдон.

Федерер против сонародникот на теренот мина три часа и осум минути, успеа да го издржи притисокот на Вавринка, кој се врати во мечот по негативата од два сета и благодарение на добриот сервис успеа да се пласира во финалето.

Неколку моменти го обележаа одличниот дуел на двајцата Швајцарци. Во првиот сет Федерер не искористи три врзани брејк топки, потоа Вавринка имаше две топки за брејк, а во 11-от гем Стан не реализира две брејк топки. Откако Федерер поведе 6:5, во наредниот гем успеа да му го одземе сервисот на противникот за 7:5 и 1:0 во сетови.

Сигурниот сервис му овозможи на Федерер да се чувствува комотно на теренот во вториот сет. Тој не дозволи брејк можност, а од друга страна успеа да му го одземе еднаш сервисот на Вавринка и го доби сетот со 6:3.

Во финишот на вториот сет Вавринка фрустриран искрши еден рекет, потоа на стартот од третиот сет побара медицински тајм-аут и го започна својот танц. Вавринка, во третиот и четвртиот сет го играше својот најдобар тенис. Во третиот сет направи два брејка и буквално протрча низ овој сет со 6:1, за 1:2 во сетови.

Четвртиот сет Стан го започна со брејк, Федерер веднаш возврати, потоа двајцата беа сигурни кога сервираа се до деветтиот гем кога Вавринка повоторно направи брејк, а потоа и сервираше за 6:4 и израмнување на 2:2 во сетови.

Налетот на Вавринка, Федерерд го сопре со медицинскиот тајм-аут кој го побара во паузата помеѓу четвртиот и петтиот сет. Федерер речиси девет минути беше во соблекувалната, а кога се врати на теренот повоторно Вавринка беше тој кој стигна до можност за брејк.

Во третот гем Федерер се извлече, а истото го стори и во петтиот гем. Она што не му успеа на Вавринка, го направи Федерер во шестиот гем кога му го одзеде сервисот на противникот, потоа Вавринка намали на 5:3, а Федерер во деветтиот гем отсервира за меч.

Роџер Федерер во финалето ќе игра против победникот од полуфиналето помеѓу Рафаел Надал и Григор Димитров, кое ќе се одигра во петок.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе