Фејл компилација: Историски грешки во популарни филмови

Кој работи греши, но во некои случаи не смее да има простор за грешка.

Инспирирани од еден од најголемите продукциски гафови во последно време - заборавена чаша на Starbucks во сцена од четвртата епизода на „Game of Thrones“ насловена „The Last of the Starks“, решивме да се потсетиме на најголемите филмски грешки во поглед на историска точност.

Иако грешката во „Game of Thrones“ беше едноставна немарност на техничката екипа, овие грешки се примери за историска неточност, односно немарност уште во процесот на истражување за филмот.

Она што ги прави овие грешки „смртни филмски гревови“ е што им се случија на големи продукции во филмови што станаа светски популарни, наградувани и анализирани до најмал детаљ.

Килтови во „Braveheart“

Замислете го Вилијам Волас (Мел Гибсон) како го кажува славниот говор за слободата облечен во туника извалкана со коњска урина, наместо во традиционален шкотски килт. Тоа секако ќе беше повеќе одбивно отколку инспиративно, но во секој случај историски поточно: тартан килтовите почнале да се користат дури на почетокот на 1700 година.

Постер со Ракел Велч во „The Shawshank Redemption“

Низ децениите, на ѕидот во затворот Шошенк видовме постери со Рита Хејворт, па со Мерилин Монро и на крај дупката ја откриваат зад постер на Ракел Велч. Го слушаме гласот на Морган Фримен како кажува дека Енди побегнал од затворот во 1966 година. Пропустот? Постерот со Ракел Велч е за филмот „One Million Years B.C.“ што излезе во 1967 година.

Електрична столица во „The Green Mile“

„The Shawshank Redemption“ не е единствената затворска драма на Стивен Кинг во која има историски грешки и недоследности. Електричната столица има централно место во „The Green Mile“, филм во кој дејството се случува во Луизијана, САД во 1935 година. Историски факт: Овој метод на егзекуција почнал да се користи во Луизијана во 1940 година. Тоа значи дека ќе беше пореално да имаше бесење.

Неточни мапи во франшизата „Indiana Jones„

Во „Raiders of the Lost Ark“, каде дејството се случува во 1936 година, авион надлетува над мапа на која се претставени Тајланд и Јордан. Штета, бидејќи до 1939 година Тајланд се викаше Сијам, а до 1949 година Јордан се викаше Трансјордан. Ова не беше единствената историска грешка на Стивен Спилберг: во „Kingdom of the Crystal Skull“ авион надлетува над Белизе во 1957 година, кога всушност се викаше Британски Хондурас.

Gears of War, YouTube и iPod Touch  во „The Hurt Locker“

Gears of War излезе во 2006 година на Xbox 360, што беше пуштен во продажба во 2005, истата година кога дебитираше YouTube и две години пред да почне да се продава iPod Touch, во 2007 година.

Сите овие нешта се појавуваат во оскаровецот „The Hurt Locker“. Проблемот е во тоа што дејството во филмот се случува во 2004 година.

Лами во „Troy“

Историските недоследности во овој филм се премногу на број и многу спорни, но за еден интересен факт имаме време и место: низ древна Турција се шетаат лами. Освен ако овие перуански цицачи немале способност да пливаат преку океанот пред илјадници години, тогаш нема што да бараат во грчкиот еп на Хомер.

Телескоп во „Robin Hood: Prince of Thieves“

Ликот на Морган Фримен во „Robin Hood: Prince of Thieves“ вади телескоп во една сцена во филмот. Освен ако веселата дружина на Робин Худ немала временска машина, нема како холандскиот изум од 17. век да се врати во времето и да стигне во Средниот век, кога се случува дејството во филмот.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе