На социјалните мрежи кружи видео од анкета на која граѓаните на Србија одговараат на прашањето „Како ја коментирате одлуката на Александар Вучиќ децата да учат арапски броеви поради Сиријците“?
Анкетата е спроведена минатата година, а видеото деновиве стана вирално.
„Ужас, жими сè! Тоа е навистина непотребно“, и „нашите деца се веќе преоптеретени со многу глупости, уште арапски броеви им фалат“, се дел од коментарите.
Тажното е тоа што луѓето всушност не знаат што се арапски броеви, едниот од коментарите е дека порано не сме ги учеле арапските броеви на училиште.
Погледнете го видеото.