Фелаини: Ме третираат како убиец

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини, изјави дека во Англија го третираат како „убиец“, како и тоа дека не е сигурен дали ќе остане на „Олд Трафорд“.

„За мене зборуваат дека сум агресивен играч, убиец. Јас сум фантастичен, екипата ги остварува и најтешките победи, а во неколку ситуации јас излегов како лош. Што би требало да направам кога некој ќе ме повлече за коса? Тоа звучи како шега, но навистина е болно“, изјави Фелаини за белгиските медиуми.

Тој се пожали и на третманот во англиската лига.

„Минатата сезона бев суспендиран после дербито со Сити, бидејќи наводно со глава сум го удрил Агуеро. Тој стоеше пред мене, а потоа падна, мртов. Но, не, јас добив црвен картон. Играчите често се обидуваат да ме провоцираат, а дали знаете колку жолти картони добив минатата сезона? Само 4 во 45 натпревари“, додаде белгискиот фудбалер.

Кон почетокот на годината Манчестер Јунајтед ја активираше клаузулата за продолжување на неговиот договор на уште една година, но неизвесно е дали 30-годишниот фудбалер ќе остане и понатаму на „Олд Трафорд“.

„Ми дадоа понуда, можеби ќе има уште една. Не знам дали ќе прифатам, Ќе видиме. Не можеш тоа туку така да го направиш, во момент. Да не ме сакаа во клубот, веќе би ме известиле за тоа“, додаде Фелаини.

Фелаини околу својата ситуација разговарал и со тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо.

„Тренерот ги почитува желбите и одлуките на своите играчи“, вели Фелаини.

Фелаини оваа сезона одигра девет првенствени натпревари и постигна три гола, а моментално заздравува од повреда на коленото.  

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе