Белгискиот играч од средината на теренот, Маруан Фелаини, поради својата бујна коса секогаш беше во центарот на вниманието, а играчот на Јунајтед со новата фризура ги помести границите.
Имено, Фелаини направи фиризура која потсетува на Мики Маус, што беше доволна причина за социјалните мрежи да „полудат“.
Белгиецот својот нов стил ќе го претстави во новото издание на магазинот GQ, а сега останува само да видиме дали вака ќе истрча и на терен.
Инаку, Фелаини ја објави фотографијата од новата фризура на Instagram, па потоа корисниците на Twitter го направија своето и ги покажаа сите најдобри монтажи.
Оваа сезона одигра 17 натпревари за „Црвените Ѓаволи“ во сите натпреварувања, постигна четири гола и запиша една асистенција.