Кошарка

Фенербахче остана без Богдановиќ

17. март 2017 - 8:43 | Макфакс

Кошаркарот на Фенербахче, Богдан Богдановиќ, доживеа потешка повреда на глуждот на натпреварот во Баберг, во рамките на 26. коло во Евролигата.

Фенербахче победи во Бамберг 83:78, но победата на турскиот тим ја засени повредата на најдобриот играч во тимот Богдан Богдановиќ. Српскиот репрезентативец, во осмата минута го повреди глуждот на десната нога.

Поради слична повреда, Богадановиќ, сезонава веќе пропушти седум натпревари во Евролигата, односно нешто повеќе од два месеци отсуствуваше од тимот.

Фенербахче со триумфот над Бросе Бамберг ја задржа четвртата позиција на табелата со 17 победи и девет порази.

Коментирај