Дефанзивецот на ПСЖ, Тијаго Силва може да ја продолжи кариерата во Турција.
Според турскиот портал Fotomaç, Фенербахче е заинтересиран за 35-годишниот Бразилец, чиј договор со ПСЖ завршува во јули.
Во сезоната 2019/20, Силва одигра 20 натпревари за ПСЖ, има 1 асистенција, додека во Лиграта на шампиони одигра 6 натпревари. Бразилецот настапува за францускиот гигант од летото 2012 година.