ФОРМУЛА 1

Ферари: Болидот е дизајнерска грешка, немаме шанси за титула пред 2022 година

Ф1
/ 28.07.2020 / 17:34

Претседателот на Ферари, Џон Елкан, призна дека новиот автомобил е „дизајнерска грешка“ и Скудерија нема шанси да се бори за титулата до 2022 година, кога ќе стапат на сила новите правила во Формула 1. Следната година автомобилите ќе останат непроменети поради „замрзнувањето“ на правилата донесени заради пандемијата на коронавирус.

Така, големите промени во спортот се одложени до 2022 година, што значи дека во следниот шампионат автомобилите на Ферари ќе настапат просечно. Во првите три старта на првенството „Црните коњчиња“ се петти по сила тим, губејќи не само од шампионите од Мерцедес и Ред Бул, како што беше лани, туку и од екипата на Мекларен и Рејсинг Поинт.

„Во моментов, нашиот тим нема сили да се бори со лидерите за светската титула. Ова е откако нашите нови автомобили се покажаа како дизајнерска грешка. Имаме сериозни проблеми, претежно од аеродинамична природа, како и со динамиката на автомобилите кои доаѓаат од губење на моќта по промените во правилата на ФИА. Сето ова доведе до фактот дека веќе не сме конкурентни и тоа може да се види со голо око кога излегуваме на патеката“, призна Џон Елкан.

Со одложувањето на новите правила, тој очекува тимот дповторно да победува и да биде во битка за титулата во 2022 година.

„Во моментов ги поставуваме темелите за нов почеток, нов циклус во историјата на Ферари. Кога Жан Тод го подготви тимот за нашиот шампионски период со пет титули по 2000 година, бевме на уште подолга 20-годишна пауза без титула. Биното ги има потребните квалитети и експертиза да го стори истото сега и промената на правилата ни дава можност да започнеме одново“, заклучи претседателот на Ферари.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Ф1

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе