Ф1

Ферари го откри изгледот на новиот болид

24. февруари 2017 - 14:33 | Макфакс

Скудерија Ферари во петокот го претстави болидот кој ќе биде адут на тимот во новата сезона, во шампионатот на Формула 1. Болидот јавноста имаше можност да го види преку видео презентација, а ја носи ознаката SF70H.

Новиот болид, според челниците на Ферари, ќе биде подобар од минатогодишниот и ќе му овозможи на тимот да биде многу поконкурентен во однос на ривалите Мерцедес и Ред Бул.

Болидот е различен од минатогодишниот и поради новите правила кои важат од оваа сезона, а забележително е и дека за разлика од ласнкиот модел, овој болид речиси целосно е црвен.

Боите на Ферари и оваа сезона ќе ги бранат поранешните светски шампиони Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

Коментирај