ФОРМУЛА 1 2020

Ферари се закани дека ќе ја напушти Формула 1 доколку се намалат буџетите

Ф1
/ 23.04.2020 / 10:58

Тимот на Ферари ќе размисли за напуштање на Формула 1 доколку тимските буџети се намалат уште еднаш како мерка против кризата во спортот по светската пандемија на COVID-19. Првите мерки беа да се скратат буџетите од 175 милиони на 145 милиони долари, но откако се откажани девет трки и нејаснотијата дали тоа ќе се случи со уште, некои екипи дури повикаа на уште подрастични мерки.

Во изминатата недела започнаа коментарите за нивоа од 100 милиони, кои според шефот на Скудерија, Матија Биното, се целосно неизводливи за функционирање на врвните тимови во Формула 1.

– Намалување на нашиот буџет на 145 милиони американски долари е драматично и веќе нè става во многу тешка позиција. Почнавме да работиме на ставање на тимот во слична рамка, но нема да биде лесно. Се зборува за уште едно намалување на ниво на околу 100 милиони, што, сепак, во реалноста е невозможно за функционирањето на врвните тимови. Доколку се донесат вакви одлуки, треба да размислиме дали да останеме во Формула 1. Стандардите за кои работиме не овозможуваат такво затегнување на буџетот и не соодветствуваат со ДНК на Ферари, вели Биното.

Тој додаде дека тимот нема да престане да се натпреварува затоа што има многу други првенства во кои може да се продолжи нивната историја.

– Добро сме свесни за кризата низ која минува светот во овој момент со ужасната пандемија. Уште повеќе гледаме што се случува во нашата земја, Италија. Сепак, сега не е време да се дејствува набрзина и сите одлуки мора да бидат разгледани многу внимателно и да се разгледаат од сите тимови, заклучи Италијанецот.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Ф1

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more

По 28 години полицијата го пронајде украденото Ferrari на Герхард Бергер

Read more
 

Спорт

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Читај повеќе

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Читај повеќе

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе