Фердинанд: Не верувавме во него, но Де Геа е најдобар голман на светот

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, легендарниот Рио Фердинанд, се присети на периодот кога во овој клуб пристигна голманот Давид Де Геа, нагласувајќи дека шпанскиот чувар на мрежата моментално е најдобриот голман на светот.

Фердинанд изјави дека играчите од соблекувалната не верувале во квалитетите на Де Геа кога во 2011 година пристигна во Манчестер Јуанaјтед, но дека ситуацијата сега е потполно поинаква.

„Кога Де Геа пристигна во Манчестер Јунајтед, соиграчите од соблекувалната се сомневаа во него. Беше исклучително млад, а на нас во тој момент ни беше потребно да победуваме секоја година. Размислувавме дали можеме да постигнеме такво нешто со дете и неискусен голман кој делуваше како да му недостига самодоверба, а погледнете го сега. Тоа е знак за некој кој многу вредно работел за да стане она што е сега“, изјави Фердинанд.

„Тој е најдобар голман на светот, а како таков, не мора да има одбрана на секои десет минути. Секогаш е концентриран, неговите рефлекси и брзина одземаат здив“, заврши овој легендарен дефанзивец.

За потсетување, Давид Де Геа беше најдобриот поединец во рамките на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, кој се одигра во Андалузија меѓу екипите на Севиља и Манчестер Јунајтед.

Во таа средба, само благодарение на неговите чудесни одбрани, екипата на Жозе Мурињо не доживеа пораз во Шпанија и сега им е потребна победа на домашен терен за да си обезбедат пласман во четвртфиналето од најелитното фудбалско натпреварување.

Во оваа сезона во Премиер лигата, Де Геа на голот на Манчестер Јунајтед прими 19 погодоци, што е најмалку во лигата, а во досегашните 27 натпревари, 16 пати успеа да ја сочува својата мрежа.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе