Фердинанд: Рашфорд треба да стартува наместо Лукаку

Младиот англиски репрезентативец Маркус Рашфорд вчера влезе од клупата на натпреварот против Бурнемут и го постигна победничкиот гол за Манчестер Јунајтед. Тоа го предизвика Рио Фердинанд да даде коментар за моменталната ротација во нападот на неговиот поранешен тим, советувајќи го Мурињо дека треба да му даде поголема минутажа на 21-годишниот Рашфорд.

Манчестер Јунајтед дојде до трите бода на тешкото гостување кај Бурнемут благодарение на Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд, кои ги постигнаа двата гола за гостинскиот тим.

„Ѕвездата на тимот, Маркус Рашфорд, мора да стартува почесто отколку досега. Само така ќе може да ја најде неговата вистинска позиција на теренот“, изјави поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.

Легендарниот англиски дефанзивец Рио Фердинанд од поодамна е фан на Маркус Рашфорд, локалното момче кое се проби до првиот состав на Манчестер Јунајтед и ги импресионираше сите во неговата прва сезона како професионален фудбалер. Но, оттогаш воопшто не беше стандарден во составот на тимот и добива мала минутажа, најчесто од клупата.

„Рашфорд е голем талент кој треба да се негува. Мурињо му даде голема минутажа од клупата, но мислам дека треба да биде стартер. Веројатно и тој самиот мисли дека треба да го стартува секој натпревар, а ако не се случи тоа набрзо, ќе стане несреќен со ситуацијата во клубот“, додаде Фердинанд.

Во моментов довербата на тренерот ја ужива Ромелу Лукаку, кој беше стартер во најголемиот дел од натпреварите. Иако тој сезонава беше далеку под неговото ниво, сепак е прв избор во списокот на Жозе Мурињо, а на Рио Фердинанд не му се допаѓа тоа.

„Погледнете го Лукаку. Тој постигнува голови, но во големите клубови мора да правиш многу повеќе од тоа. Мора да играш со топка, да асистираш, да ја организираш играта. Во моментов нешто се случува со Лукаку, а тоа не им се допаѓа на останатите играчи“, вели Фердинанд.

Со вчерашната победа Манчестер Јунајтед дојде до 20 бода во сезоната и се наоѓа на седмото место на табелата во Премиер лигата, но заостанува зад групата од тимови кои се борат за титулата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе