Фернандес: Меси треба да има статуа веднаш до Кројф

Кандидатот за нов претседател на Барселона смета дека Аргентинецот заслужува посебно место во историјата на клубот кое ќе се одбележи си споменик.

Лео Меси досега целата своја сениорска кариера ја помина носејќи го дресот на Барселона. Еден од кандидатите за нов претседател на клубот е каталонскиот бизнисмен Љуис Фернандес според кого на Меси треба да му се подигне споменик без разлика дали ќе си замине или не наредното лето.

„Меси е како Федерер и сметаме дека може да игра уште многу години. Во април ќе има нов претседател кој ќе може да му покаже нов проект. Доколку сепак смета дека неговата приказна тука е завршена, треба да замине со подигната статуа до оние на Кубала и Кројф“, смета Фернандес.

Пред „Камп Ноу“ стадионот на Барса само двајца фудбалери имаат таква чест да имаат споменик. Тоа се Унгарецот Ласло Кубала и Холанѓанецот Јохан Кројф.

Кубала 12 години беше дел од Барселона (1950-1962) и одигра 256 натпревари на кои постигна 194 голови. Кројф пократко играше за Каталонците, 5 години од 1973 до 1978, но затоа пак 8 години беше тренер на тимот, од 1988 до 1996.

„Разговаравме со него и го замоливле да размисли одново и тој го направи тоа. Добро е што останува“.

Првично Меси сакаше уште летово да го напушти клубот барајќи нов предизвик, но потоа, во договор со управата, се согласи да остане до крајот на договорот кој истекува наредниот јуни.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе