Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
реклама

Ferrari го претстави Roma Spider: Платнен покрив на преклоп и 620 КС

Најновиот модел на Ferrari беше претставен во Мароко и ќе продолжи таму каде што застана слично конципираниот open-air модел Portofino M.

Претпоставките за новиот модел од Маранело беа точни, бидејќи по кратката најавна кампања во Мароко, Ferrari го претстави моделот Roma Spider со кој ќе ја продолжи приказната која започна со моделите California и Portofino.

А атрактивната open-air Roma ја придвижува 3,9-литарски V8 мотор кој со помош на два турбополначи развива 620 коњски сили при 7.500 вртежи во минута и 760 Nm врвен вртежен момент од 3.000 до 5.750 вртежи во минута. Супербрзиот 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка е задолжен за пренос на моќноста на задната осовина.

Малото зголемување на масата во однос на Coupé верзијата не го спречува Roma Spider од 0 до 100 км/час да стигне за 3,4 секунди, што е еднакво на резултатот на Coupé, а љубителите на изданијата на Ferrari со поглед кон небото се воодушевени со одлуката во Маранело според која концептот на тврд покрив на склопување овојпат му отстапува место на традиционалниот повеќеслоен покрив од ткаенина кој се спушта/крева за 13,5 секунди со притискање на копче (при брзина до 60 км/час).

Ferrari уште не ја објавил цената за Roma Spider, чија кабина само по детали се разликува од кабината на Rome Coupé, а сосема е јасно дека конфигурацијата на седиштата 2+2 ги фаворизира првенствено возачот и совозачот.

Авто новости

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелаши и бензинци

Read more

„Франкенштајн“ на тркала

Read more

Audi се откажува од уште еден легендарен модел

Read more

Ferrari го претстави Roma Spider: Платнен покрив на преклоп и 620 КС

Read more