Возачите на Ferrari ги освоија првите две позиции за трката во Сочи, за Големата награда на Русија.
Себастијан Фетел ја освои пол позицијата. Германецот го возеше најбрзиот круг со време 1:33.194 минути. Веднаш до Фетел од првиот стартен ред трката ќе ја стартува Кими Раиконен, кој за 0,059 секунди имаше полошо време од клупскиот колега.
Трката во Сочи од вториот стартен ред ќе ја започнат возачите на Mercedes, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.
Трката за Големата награда на Русија, на патеката во Сочи, ќе се вози утре од 14 часот.