Ferrari од 1955 година продадено за рекордни 22 милиони долари

Неделата на автомобили во Монтереј беше една од најдобрите во модерната историја, со неколку фантастични автомобили кои дебитираа, додека некои класици најдоа нови домови.

Меѓу продадените автомобили беше и едно одлично Ferrari за кое новиот сопственик плати рекордна сума, поточно 22.005.000 долари.

Станува збор за Ferrari 410 Sport Spider од Scaglietti од 1955 година, кое го собори минатогодишниот рекорд од 20.465.000 долари платени за McLaren F1 со LM спецификации. Сумата е зголемена за речиси 1,6 милиони долари, но тоа не е големо изненадување со оглед на историјата на автомобилот.

Ferrari 410 Sport Spider на фотографиите е сè што еден посакуван класик треба да биде. Создадено е специјално за трки и има постигнато неколку големи победи, управувани од двајца исклучително успешни и светски познати возачи. Тоа се Хуан Мануел Фанџо, еден од великаните на Формула 1, како и легендарниот Керол Шелби. Всушност, Шелби постигна повеќе победи токму во овој автомобил отколку во кој било друг што го возел во текот на неговата кариера.

Керол Шелби во ферарито на трката Ле Ман во 1957 година

Да потсетиме, зборуваме за човекот кој ја „избриша“ насмевката од лицето на Енцо Ферари на Ле Ман. Покрај споменатото дуо, ова Ferrari го возеле и Фил Хил, Еуџенио Кастелоти, Мастен Грегори, Ричи Гинтер, Јоаким Бониер, Брус Кеслер, Џим Ратман и Чак Деи.

Прекрасниот автомобил одигра голема улога на американската тркачка сцена во 1950-тите.

Го придвижува 4,9-литарски V12 мотор кој развива 400 КС.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе