Ferrari SP48 Unica е новиот специјален производ на Маранело

По специјалните модели со V12 мотор како Omologata и BR20, новата уникатна креација на Ferrari има V8 мотор, а тоа е моделот SP48 Unica.

Ferrari SP48 Unica е базиран на моделот F8 Tributo, но тоа не може да се каже на прв поглед бидејќи каросеријата е значително редизајнирана.

Уникатната креација ја нарачал долгогодишен клиент на Ferrari кој учествувал во развојот на автомобилот и може да се каже дека тој го имал последниот збор во секој чекор од процесот.

Создадена е целосно нова предна решетка со помош на техники за процедурално-параметриско моделирање и 3D прототипови. Влијанието на моделот Roma е забележливо бидејќи SP48 Unica има сличен тридимензионален ефект на предната решетка што му дава на суперавтомобилот свеж дизајн во споредба со познатиот F8 Tributo како и 488 и 458.

Задниот дел е поелегантен од порано бидејќи задното стакло е отстрането, а четирите тркалезни задни светла се заменети со тенки LED линии кои потсетуваат на Roma. Промените се забележливи и на профилот, а покрај новите бандажи, SP48 Unica има различни странични всиснувачи позиционирани малку пониско. Црните прагови заземаат малку поголема површина.

Фотографија од внатрешноста сè уште нема, но познато е дека најмногу е позајмена од моделот F8 Tributo. На десната страна на контролната табла е ознаката SP48 Unica, а седиштата се обложени со ласерски перфориран алкантар, кој е присутен и на други места.

Нема детали за можни механички промени, па овој „специјалец“ веројатно го има истиот 3,9-литарски твин-турбо V8 мотор кој работи на F8 Tributo, кој развива 710 КС и 770 Nm вртежен момент. F8 Tributo „катапултира“ од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди и достигнува 200 km/h за 7,8 секунди пред да достигне максимални 340 km/h.

Цената сè уште не е објавена.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе