Ferrari влегува во светот на модата - дали би ги носеле овие креации?

Компанијата позната по својот тркачки тим во Формула 1 и спортски автомобили со голема моќност, утре ќе лансира модна колекција, а два дена подоцна ќе отвори ресторан во градот Маранело.

Дебитантската колекција на Ferrari ќе биде претставена на модна ревија во живо, исто така, во Маранело, а компанијата состави тим експерти кои ќе ѝ помогнат да зачекори во светот на високата мода.

На крајот на 2019 година, Ferrari го започна овој лајфстајл проект кој има за цел проширување на бизнисот, и за креативен директор беше назначен модниот дизајнер Роко Јаноне.

За колекцијата е задолжена продукциската куќа Bureau Betak, која стои зад дебитантската ревја на Ким Џонс за Fendi, што беше претставенa на почетокот на оваа година, а ревијата ќе ја дизајнира соработникот на италијанскиот Vogue, Џејкоб Кјелдгард од Yves Saint Laurent.

Никола Боари, главен директор за диверзификација на брендот Ferrari, за Reuters изјави дека целта е да се достигнат нови клиенти „и во однос на возраста и на културата“ – пошироко од љубителите на трки и клиентите за спортски автомобили кои веќе копнеат по своите брендирани јакни, маици и капи.

Ferrari со ваквиот потег им се придружува на Lamborghini, Bentley и Harley-Davidson, кои веќе имаат свои линии на лајфстајл производи.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе