Ф1

Ферстапен со прва пол позиција во кариерата

3. август 2019 - 17:20 | МИА

Пилотот на Ред Бул Макс Ферстапен ги освои квалификациите за Гран-при во Унгарија на патеката „Хунгароринг“.

21-годишниот Холанѓанец го сврте својот најдобар круг за 1:14.572 минути и го надмина за само 18 илјадити делови од секундата Валтери Ботас од екипата на Мерцедес.

Светскиот шампион Луис Хамилтон заврши на третото место.

За Макс Ферстапен ова е прва пол-позиција во неговата кариера, иако тој има седум директни победи.

Тој стана пилот број 100 во историјата на Формула 1 кој ги освоил квалификациите.

Формула 1. Гран при на Унгарија - Квалификации:

1. Макс Ферстапен (Ред Бул) – 1: 14.572

2. Валтери Ботас (Мерцедес) – +0.018

3. Луис Хамилтон (Мерцедес) – +0.197

4. Шарл Леклер (Ферари) – +0.471

5. Себастијан Фетел (Ферари) – +0.499

6. Пјер Гусли (Ред Бул) – +878

7. Ландо Норис (Мекларен) – +1.228

8. Карлос Сајнц (Мекларен) – +1.280

9. Ромен Грожан (Хаас) – +1.441

10. Кими Раиконен (Алфа Ромео) – +1.469.

Коментирај