Фестивалот EXIT и Coca-Cola го носат најдоброто светско фестивалско VR-искуство со низа домашни настани

Продолжениот викенд пред нас носи неповторлива енергија за сите љубители на EXIT фестивалот. Заедно со EXIT и Coca-Cola, регионални и локални музички ѕвезди ќе ја пренесат магијата на EXIT-верзумот во центарот на Скопје и Струмица.

Серијалот на настани започнува во сабота во Струмица, каде на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе настапат локалните херои Андреј Мицајков, SoulCase и гостинот од соседна Србија – ZarEz.

Забавата во недела се сели во срцето на Скопје - на Школка во Градски парк, каде локална поддршка ќе дадат ДиЏеј Васо, Чваре и ZarEz.

Освен во неповторливата EXITVERSE@Coke Studio атмосфера, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во Тркало на среќата и други разни активации, каде најсреќниот учесник ќе добие Златен тикет, кој содржи две ВИП-влезници за целото времетраење на EXIT фестивалот во Нови Сад.

Двата настана се отворени за јавноста, и започнуваат во 14 часот, а ќе траат до 22 часот.

EXITVERSE @ Coke Studio е името кое ги поврзува серијалот настани низ неколку градови во Северна Македонија и Србија, кои ќе траат до 18 јуни, а се поддржани од EXIT и Coca-Cola.

Откако минатата година фестивалот EXIT премиерно го претстави ексклузивниот VR-проект на Светската изложба „Експо Дубаи“, најдоброто светско фестивалско VR-искуство, на посетителите на EXITVERSE @ Coke Studio ќе им даде можност виртуелно да го искусат фестивалот EXIT од местата што никому не му се достапни – точно пред Дејвид Гета на Главната сцена или покрај Соломон и Пол Калкбренер на Денс Арената!

EXITVERSE @ Coke Studio претставува еден вид турнеја, чија цел е ширење на енергијата и духот на фестивалот EXIT, како и поврзување на локалните заедници со регионалната музичка сцена, со што посетителите ќе имаат можност да уживаат во електронската музика и да доживеат уникатно EXIT-искуство во своите градови.

Ексклузивниот VR-проект на EXIT првично беше претставен на Светската изложба „Експо 2020 Дубаи“ во рамките на Српскиот павилјон, и оттогаш VR-зоната е составен дел од сите фестивали и настани на EXIT. Овој импресивен аудиовизуелен проект е составен од познати фестивалски локации снимени со камера 8K 360 VR, од кои некои целосно се недостапни за посетителите. Посетителите на фестивалите EXIT и „Sea Dance“ имаа можност да го искусат најдоброто светско фестивалско VR-искуство, и тоа во специјални VR-зони во рамките на фестивалот, како и на изданијата на конференцијата „Tomorrow“.

Coke Studio е уникатна музичка платформа што поврзува разновидни таленти од целиот свет со цел да претстави иновативни и креативни соработки во индустријата. Платформата обединува уметници од разни жанрови, позадини и стилови со цел да создаде силни музички доживувања и да ги промовира културата и заедништвото. Преку своите многубројни сезони, Coke Studio стана познато по создавањето автентични споеви и извонредни настапи.

На фестивалот EXIT, од 6 до 9 јули на Петроварадинската тврдина ќе настапат лидерите на најбараните турнеи во светот, и тоа The Prodigy, боговите на рапот Wu-Tang Clan, рекордерот во Греми-награди Skrillex, Chase & Status, Rico Nasty, како и Eric Prydz, Nina Kraviz, Amelie Lens, Indira Paganotto, Alesso, Viagra Boys, Dimitri Vegas & Like Mike, Claptone, Keinemusik, Michael Bibi, Hot Since 82, CamelPhat, Ben Böhmer live, Agents Of Time live, Mind Against, Chase & Status, Sofi Tukker, LF System, Mahmut Orhan, Burak Yeter и многу други.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Промо

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more

НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

Read more

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Read more
 

Ново

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе