Закуски со фета сирење се прават за час, вкусни се и крцкави, а состојките можете и да ги комбинирате по желба.

Потребни состојки:
- 500 гр лиснато тесто
- 2 лажици доматен сос
- 3 лажички сечкан кромид
- 280 гр црвена пиперка
- 230 гр фета сирење
- 2 лажици свежи листови мајчина душица
- сол
- бибер
- кора од 1 лимон
- 2 лажици масло од чили
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Одмрзнете го лиснатото тесто и на малку набрашнета површина наредете ги листовите. Со нож исечете ги на 24 квадрати. Со масло намачкајте калап за мини мафини. Секој квадрат од лиснато тесто нежно притиснете го во подготвените калапи, така што печивото малку да излегува од калапот.
Во меѓувреме, кромидот ситно исечкајте го, црвената пиперка испечете ја и исечкајте ја на 24 парчиња, а на исто толку коцки исечкајте го фета сирењето.
Секој квадрат лиснато наполнете го со доматен сос, кромид, печена пиперка, коцка фета и по малку мајчина душица. Зачинете со сол и бибер. Печете околу 20 минути, па извадете и оставете да се излади 5 минути и уживајте. Одозгора пропрскајте од останатата мајчина душица.